Бекеле викендов го напаѓа светскиот рекорд во маратон

Од:

Девет месеци откако се зарази со коронавирус, 39-годишниот Етиопјанец Кенениса Бекеле најави дека в недела ќе го нападне светскиот рекорд во маратон на патеката во Берлин, која пред две години ја истрча само две секунди поспоро од најдобриот резултат на сите времиња.

Светскиот рекорд во маратон од 2003 година на патеката во Берлин беше соборуван дури седум пати. Во 20018 година, светскиот рекорд во Берлин го собори Кениецот Елиуд Кипчоге, кој стана првиот човек во историјата, кој маратонската трка ја истрча под 2 часа и 2 минути (2:01:39).

– Пред две години дојдов тука со желба да го соборам личниот рекорд, и помалку се плашев да одам во чекор со светскиот рекорд. Но, овој пат сум многу сигурен и ќе се обидат да го соборам, изјави Бекеле.

Негов најголем конкурент в недела се очекува да биде сонародникот Гује Адола, кој својот личен рекорд го постави токму во Берлин во 2017 година (2:03:46).

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ