Xаос во сообраќајот во Кичево – недостигаат места за паркирање

Од:

Голем број печалбари веќе се вратени во нивните родни местапоследните денови, со што видливо се зголеми бројот на автомобилите во сообраќајот низ улиците на Кичево.

Овој град веќе со години го има како голем проблем паркирањето, но овие донови тој е поголем, имајќи предвид дека дел од градот сè уште е блокиран за автомобилите поради работите за реконструкција на булеварот. Граѓаните велат дека бројот на автомобилите низ градот од ден на ден се зголемува, повеќе од половинатаод печалбарите сè уште не се дојдени, а паркинзите веќе не се доволни.

„Имаме голема потреба за нови паркинзи. Треба да се најде решение. Кичево е мал град, но има многу автомобили и кога не се печалбарите овде, а да не зборуваме сега кога веќе почнаа да доаѓаат“, вели Беџет А., граѓанин.

„Секој ден околу половина час правам кругови низ градот за да најдам место каде да ја оставам колата. Некогаш треба да ја оставам многу далеку од местото каде што имам работа, но доволно ми е само да најдам место“, изјави штотуку вратениот од Америка Јетмир М.

Од Општината тврдат дека ова прашање ќе се дискутира во иднина и ќе се најде решение. Неофицијално,Општината планира нови паркинзи, од кои дел во летната сезона ќе бидат наменети само за автомобилите на печалбарите.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево