Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри во посета на Штип

Од:

Во посета на Општина Штип денеска беше амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Во соопштението се наведува дека Николов и Силвестри заклучиле оти Штип како центар на истокот заслужува да се развива со брзо темпо и ги содржи сите потребни компоненти да стане град во кој младите тука ќе ја градат својата иднина.

-Амбасадорот Силвестри го запознав со сите досегашни реализирани проекти, разговаравме и за економскиот развој помеѓу штипските компании и италијански компании и изучување на италјанскиот јазик во Штип со отварање на италјанско катче, вели Николов.

Посочува дека како градоначалник и во име на Општина Штип му се заблагодарил за традиционалното пријателство на Република Италија, како и за искрената поддршка којашто Штип ја има од оваа убава земја.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски