СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 27 години го уништуваа главниот град, сега немаат понуда па шират лаги за Петре Шилегов

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од поразот во Скопје и победата на Петре Шилегов. Тоа е истата партија која 27 години го уништуваше Скопје а сега немаат понуда за скопјани. Водени од личниот и партиски интерес, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за стиропор што глуми меремр, за споменици, жални врби и палми, вртелешки и лавови“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски.

„Со Петре Шилегов Скопје во изминатите четири години прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните.

Затоа од Белата палата е голем стравот. Манипулациите, лажните вести и лагите за Шилегов и Весковски не поминуваат.

Реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно не планираат да понудат ниту еден проект, ниту едно решение за скопјани па целата кампања ќе ја водат со лажни вести, манипулации, обиди за конструирани скандали.

Затоа на изборите ги очекува уште еден убедлив пораз во главниот град но и во најголем број од општините низ државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар