На претстојниот Goodwood Festival of Speed, Peugeot официјално ќе го претстави новиот RCZ R.
RCZ – која воедно е и најмоќно Peugeot досега има 270 коњски сили, а забрзување до 100 километри на час за помалку од 6 секунди.
Наменет за улиците, RCZ R е автомобил кој ги задржува квалитетниот комфор но истовремено нуди спортски карактеристики и перформанси.
Peugeot внимава и на еколошкиот аспект, па покрај 270-те коњски сили, RCZ R има емисии од само 145 грама CO2 на изминат километар, што се должи на намалениот капацитет на моторот, аеродинамиката и намалената тежина.