Легендарниот напаѓач Самуел Ето (40) објави официјална кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација.
Ето во својата фудбалска кариера настапуваше за европските гиганти Интер, Реал Мадрид, Барселона, Челзи и Евертон, а во националниот дрес одигра 118 натпревари на кои постигна 56 голови.
– По долго и темелно размислување, одлучив да се кандидирам за претседател на Камерунскиот фудбалски сојуз, поради љубов кон Камерун и страста кон фудбалот, објави Ето.
Актуелниот претседател Мбомбо Нјоја беше именуван на чело на Камерунската фудбалска федерација во 2018 година, но неговиот избор на почетокот на оваа година го поништи Меѓународната спортска арбитража (CAS).
Претседателските избори се закажани за декември годинава, еден месец пред Африканскиот Куп на нации, чиј домаќин ќе биде Камерун