СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Законот за потекло на имот затоа што ќе важи и за поранешни функционери

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ со денешната реакција го покажала стравот од Законот за потекло на имот.

„Со Законот за потекло на имот освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија.

Договорени тендери, енормно богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преземање на цели бизниси, корупциски скандали, беа редовна појава за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, на дело имаме јасна антикорупциска политика на институциите кои се посветени на обезбедување силен, независен и ефикасен правосуден систем, нешто што беше и очигледно се уште е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, никој не е над законите а сите институции се максимално посветени на бескомпромисна борба против секаков вид на криминал и корупција“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?