Зелен Хуман Град: Протест за одбрана на дрвјата во Аеродром

Од:

Во Општина Аеродром е планирано проширување на ул. Васко Карангелески, а со тоа и сечење на голем број на дрвја што таму постојат со децении. Наместо да го заштитиме зеленилото во најзагадената скопска општина, локалната власт продолжува со зголемување на автоцентричноста на населбата и намалување на зеленилото што е премногу потребно таму се вели во соопштението од Зелен Хуман Град.

– Вчера, кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација, а од утре ќе се почнело со проширување на улицата. ЗХГ нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот. Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи? Ги повикуваме сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат денес (22-ри септември) во 10 часот спроти ОУ. Љубен Лапе до Воениот базен заеднички да го сопреме уништувањето на уште еден ред зеленило во градот, велат од Зелен Хуман Град.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

А1он

Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов

А1он