Бочварски: Пратениците да го изгласаат законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Од:

Нивото на капитални инвестиции расте секојдневно. Ги правиме последните анализи за третиот квартал. Моите очекувања се дека нашиот основен буџет ќе биде преку 60 проценти во третиот квартал, а до крајот на годината очекуваме 80 отсто. Активно работиме на тоа, активно работат сите ресорни министерства со цел да вбризгаме што е можно повеќе средства во економијата во изградбата на патишта, градинки, водоводи, канализации, училишта, спортски сали и се што е важно за раздвижување на економијата, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како што изјави Бочварски, се очекува во септември, октомври, па и во ноември, кога градежната сезона е се уште активна, капиталните инвестиции да продолжат да растат.

Во врска со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, Бочварски информира дека петтиот анекс со кој се продолжува Договорот и кој треба да се реализира преку измена и дополна на закон, е веќе доставен во Собранието.

-Мојот апел е до сите политички партии час поскоро да го изгласаат петтиот анекс за да може дополнително да се засилат активностите во делот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Ние ги отстранивме тековните прашања и сите оние проблеми што ги затекнавме во минатото и сега очекуваме час поскоро да биде усвоен и изгласан овој закон, односно дополнување на Законот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид за да можеме да продолжиме со уште посилно темпо и динамика, а и секако согласно роковите што се дадени во овој Договор, да заврши до крајот на 2025 година целиот автопат со потсекции, со сите решени прашања, но притоа и државата да ги отстрани прашањата што ќе се јавуваат во идниот период, потенцира Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа