Бочварски: По завршување на рестриктивните мерки, ќе продолжат субвенциите за авиолетовите на „Виз Ер“

Од:

Годинава беше забрането субвенционирањето на летовите поради КОВИД пандемијата. Исплатени се само дел од средствата за летовите кон крајот на 2020-та, но голем дел од средствата во оваа ставка стојат зашто не се реализираа летовите по овој договор меѓу државата и „Виз Ер“, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Според него, како што ќе се подигнуваат рестриктивните КОВИД-мерки и како што ќе се отвора авиопревозот, се очекува сообраќајот дополнително да се раздвижи и субвенционирањето да продолжи.

-Како Влада веќе работиме и на подготовка на новиот повик во текот на првиот и вториот квартал во 2022 година, бидејќи овој проект завршува пролетта 2022 година, ние веќе работиме на нов повик и секако согласно сите процедури, подготовки, согласно трендовите и политиките ќе носиме одлука за повторно распишување нов повик за ваков тип субвенционирани летови. Посакуваме по подигнувањето на овие рестриктивни мерки од КОВИД пандемијата да продолжи во иднина. Во овој момент имаме средства на нашата сметка и очекуваме дека доколку продолжат летовите, доколку продолжи субвенционирањето дека дел од нив ќе ги употребиме, но не можеме да знаеме колку од нив ќе бидат употребени заради неизвесноста што ја има КОВИД пандемијата. Надвор од доменот на работата и на Министерството и на Владата е брзо да се кренат овие мерки и да се намалат рестрикциите, истакна Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања по пристигнувањето на првиот директен лет од Санкт Петербург во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа