Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

Од:

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска, на денешната прес конференција во Собранието изјави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и неговите коалициони партнери Алијанса и Алтернатива, се обидуваат да закочат важни законски измени.

„Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Овие измени на сила треба да стапат на први октомври, а денеска на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи тие измени. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи. Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери. Ваквиот лицемерен и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен“, изјави Лазаревски.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, деструкции и блокади.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски