Во кумановско Табановце, пронајден мртов 20-годишен Сириец

Од:

Во близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20-годишен државјанин на Сирија. На телото нема траги од насилство, соопштија од СВР Куманово.

Вчера во 18: 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице.

– По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот, се наведува во соопштението од полицијата.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва