ВИДЕО: Ерупција на вулкан на Канарските острови, евакуирани 5.000 жители

Од:

Еруптираше вулканот Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма. Огромна количина чад се издигнала над истоимениот национален парк.

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Ла Палма каде ерупцијата доведе до евакуација на 5.000 луѓе.

Санчез го одложи патувањето до Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк за да се сретне со Торес за да разговараат за одговорот на службите за итни случаи на ерупцијата.

Вулканот последен пат еруптирал пред 50 години (1971 година).

Јонас Перез, локален туристички водич, рече дека се уште може да го почувствува потресот по ерупцијата.

„Никогаш не сум ја доживеал бучавата што доаѓа од вулканот да звучи како дваесет авиони да полетаат истовремено“, рече тој.

Откако научниците снимија серија од 4 илјади земјотреси, властите на 14-ти септември објавија т.н жолта тревога, второ од четирите нивоа на предупредување.

Исто така, на луѓето им беше препорачано да имаат ранци со основни работи, како што се лекови и други материјали, и мобилни телефони при рака.

Четири села, вклучувајќи ги Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан, беа евакуирани, а беа поставени и привремени засолништа.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан во Јапонија: Граѓаните добија итно предупредување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски