Комитетот на ОН за правата на децата достави листа со прашања до Ватикан

Од:

Комитетот на Обединетите нации за правата на децата (ЦРЦ) до Ватикан испрати листа со непријатни прашања за злоставување на децата од страна на католичките свештеници.

Комитетот нa ОН побара „детални информации“ за сите случаи на сексуално злоставување на децата од страна на католичките свештеници, наведувајќи дека одговорот треба да биде доставен најдоцна до 1 ноември.

Тоа е првпат некоја меѓународна комисија јавно да го испитува Ватикан за скандалите со злоупотреба на децата кои многуму наштетија на угледот на Римокатоличката црква во голем број земји.

ЦРЦ, со седиште во Женева, нема никаква извршна моќ, но негативниот извештај би му наштетил на папата Франциско.

ЦРЦ го игнорираше предупредувањето на Ватикан дека би можел да се повлече од Конвенцијата за правата на децата ако биде вршен преголем притисок поради тој проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска