Седум обезглавени тела пронајдени во напуштен автомобил во Мексико, тие се пронајдени на пат во близина на селото Хохутла, во централната мексиканска држава Морелос, на околу 150 километри јужно од главниот град Мексико Сити.
Во непосредна близина биле пронајдени неколку отсечени глави.
Тројца полицајци и 14-годишниот син на едниот од нив се убиени во напад во градот Тоерон, во североисточната држава Коаила. Еден полицаец е повреден.
Над 50 илјади лица се убиени во Мексико, откако претседателот Фелипе Калдерон започна операција против нарко картелите со учество на армијата.