Кандидатите за нов германски канцелар денеска ќе ја имаат последната ТВ дебата

Од:

На точно една недела пред Германците да излезат на гласање за парламентарните избори, денеска на ТВ дебата во живо ќе се соочат тројцата кандидати за нов канцелар на земјата, Олаф Шолц, Армина Лашет и Аналена Баербок.

Новиот лидер на германските демохристијани и премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, кој е кандидат на конзервативната Демохристијанска унија (ЦДУ) во дуелот ќе се обиде да го сврти расположението на гласачите кое последниот месец се сврте кон актуелниот министер за финансии и кандидат на Социјалдемократите (СПД) Олаф Шолц, кој во моментов има солидна предност во анкетите.

Последните анкети за јавното мислење покажуваат дека СПД е неколку поени пред ЦДУ/ЦСУ, партијата на канцеларката Ангела Меркел, со поддршка од околу 25 проценти. Зелените, со кандидатката Аналена Баербок, кои пролетва во еден период беа и први во рејтинзите, сега се на стабилното трето место и најверојатно ќе одлучат кој од претходните двајца кандидати ќе формира влада по изборите.

Германците излегуваат на гласање на 26 септември, а тогаш, по 16 години, минати на функцијата канцелар и по четири последователни победи на изборите, Ангела Меркел заминува од политиката.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија