СДСМ: Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

Од:

„Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра“, реагираат пд СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде побараа одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за пожарот кој на 8 септември се случи во тетовската модуларна болница.

„Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал кога зборува за градби треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра. 70 години една плочка не се смени во Клинички вентар, 11 години ВМРО ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес конференција што се ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра. Наместо лажни вести и дезинформации Николов и ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби