Путин со порака од изолација пред изборите: Граѓаните да ја покажат својата љубов кон татковината

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните да ја покажат својата љубов кон татковината, неколку часа пред почетокот на парламентарните избори.

Како што пренесуваат странските агенции, на главните противници на Кремљ не им е дозволено да учествуваат на овие избори кои ќе се одржат и на украинска територија, и покрај противењето на Киев.

„Јас сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто и за нашата сакана Русија“, рече Путин во видео пораката објавена на веб – страницата на Кремљ.

Путин ја испрати пораката од изолација, бидејќи во неговата околина беа идентификувани десетина лица заразени со коронавирус. – Затоа, тој може да гласа по електронски пат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Парламентарните, регионалните и локалните избори започнуваат за неколку часа и ќе траат три дена со цел да се намали ризикот од зараза со коронавирус.

Резултатите се очекуваат во недела по 20 часот по средноевропско време.

На главните противници на Путин не им е дозволено да учествуваат на изборите.

Речиси 180 милиони Руси имаат право на глас, кои бираат 450 пратеници во Долниот дом на Парламентот, Думата.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он