Нови правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија, Белгија и во Австрија

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.

Нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар, додека за тие што патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, освен ако се пориложи доказ за извршена целосна вакцинација или за прележаност на болеста.

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (ПЦР или Антиген), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на швајцарската Федерална канцеларија за јавно здравје на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula.

Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од т.н. „црвените зони“, меѓу кои е и Северна Македонија. Поради зголемениот број на нови Ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од „црвената зона“, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

Кога влегувате во Австрија, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан Kовид-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) од 10 дена, што може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР на следниот линк https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски