Почина Душан Дуда Ивковиќ

Од:

На 78-годишна возраст утрово во болница во Белград почина легендата на југословенската и на српската кошарка, Душан Дуда Ивковиќ. Веста ја потврдија од неговиот клуб Раднички.

„Во 6 часот и 50 минути во болница во Белград Душан почина од последици на вода во белите дробови и херпес“ – изјави Горан Калиниќ.

Душан Ивковиќ беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња и најуспешен селектор на југословенската репрезентација на Европските првнества на кои освојуваше медали во Загреб во 1989, во Рим во 1991 и во Атина во 1995 година.

Беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија во периодот од 2008 до 2013 година.

Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.

На клубско ниво двапати ја освои титулата во Евролигата, ги освојуваше и Купот Радивое Корач, Купот Рајмондо Сапорт и УЛЕБ Купот. Со клубовите кои ги предводеше беше шампион на Југославија, Грција и на Русија.

Би можело да ве интересира

Почина Стојанче Стефанов, 62 жртва од трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Фудбалерот Гелар Гонзалес почина по судар со голман

Почина славниот актер Вал Килмер

Горан Наумовски

Почина Ричард Чембрлен

Катерина Ѓуровски

Почина боксерската легенда Џорџ Форман

Катерина Ѓуровски

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски