Авганистански фудбалерки пребегнаа со семејствата во Пакистан

Од:

Членки на авганистанската фудбалска репрезентација пристигнаа со нивните семејства во соседен Пакистан, откако ја напуштија земјата по преземањето на власта од страна на талибанското движење.

Пакистанските медиуми јавија денеска дека сè уште не е познато колку фудбалерки и членови на нивните семејства пристигнале во земјата.

Министерот за информирање на Пакистан, Фавад Чодри, рече дека авганистанските фудбалерки влегле во земјата преку северозападниот граничен премин Торхам со важечки патни документи.

– И посакуваме добредојде на женската фудбалска репрезентација на Авганистан, објави Чодри на својот Твитер профил.

Пакистанскиот весник на англиски јазик The DAWN објави дека на фудбалерките им биле одобрени итни хуманитарни визи по доаѓањето на талибанците на власт во Кабул.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан