Заврши првата меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“

Од:

Заврши дводневната конференција за промоција на родовата еднаквост “Жените во надворешна политика”, што за прв пат ја организираше Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска.

„На првиот ден од меѓународната конференција фокусот на панелите беше ставен на учеството на жените во надворешната политика и потребата од зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки, а воедно беа разгледани и можностите за унапредување на нивната улога во општеството како активни и конструктивни политички чинители. Денешниот ден беше посветен главно на потребата од поголема вклученост на жените во бизнис секторот, како и економското и влијанието на Ковид-19 врз жените.

Воедно, во рамки на конференцијата се усвои Заедничка декларација, со која се креира мрежа на жени дипломати од регионот на Западен Балкан.

На конференцијата учество земаа високо рангирани политичари и дипломати од регионот и жени-амбасадорки, учесници од други европски и вон-европски земји, учесници од меѓународни и регионални организации, почесни конзули, реномирани фигури од академијата, бизнисот, цивилното општество и младинските организации.

Предвидено е конференција од ваков карактер да се одржува на годишно ниво, а воедно во текот на годината да бидат организирани и други, помали настани, како што се тематски работилници, семинари, тркалезни маси, и сл. на кои ќе се дискутираат прашањата за зајакнување на улогата на жената во сите аспекти од општествениот живот“, информираат од МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани