Бочварски: Напролет ќе ги затвориме сите прашања од патната инфрастурктура во источниот регион

Од:

Експресните патишта Штип – Радовиш и Штип – Кочани се градат со исклучително добра динамика, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Првата фаза од патот Штип – Радовиш е веќе пуштен во употреба. Од втората фаза, привршува делот од Бучим до Радовиш, а се работи и на обиколницата во Штип.

-Очекувањата се дека оваа есен ќе биде пуштен делот од Бучим кон Радовиш, а останатиот дел, од штипската страна, ќе биде пуштен напролет. Транзитирањето преку градот, зашто обиколницата се гради по 40 години, ќе биде пуштено за месец – месец и половина. Граѓаните ќе возат по модерен и експресен пат, истакна министерот.

Во однос на патот Штип – Кочани, информира дека првата фаза е пуштена во употреба, додека втората се очекува напролет.

-Во 2022 година напролет ќе ги затвориме сите отворени прашања во делот на патната инфрастурктура во целиот источен регион, подвлече Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа