И покрај милионите кои се вложени во годинешната продукција на филмови во Холивуд, ниту еден од високобуџетните „Ѕвездени патеки“, „Битката за Пацифик, „Човек од челик“ како и „Ирон мен 3“ не се најдоа во друштво на најскапите филмови.
Листата на 10 најскапи филмски остварувања ја предводи мегапопуларниот авантуристички спектакл „Пиратите од Карибите: На крајот на светот“ од 2007 година. Третиот дел од Дизниеваа франшиза чинеше 332 милиони долари. Следува романтичната драма на Џејмс Камерон – „Титаник“, со износ од 286 милиони долари.
На листата понатаму се редат „Спајдермен 3“ од 2007 година со 286 милиони долари, анимираното остварување „Златнокоса“ со 274 милиони, „Хари Потер и полукрвниот принц“ со 259 милиони. Следуваат „Воден свет“ од 1995 година со 259 милиони, потоа вториот дел на филмот „Пиратите од Карибите“ со 256 милиони.
Последните три филмови кои ја заокружуваат листата на 10 најскапи филмови на сите времиња се „Аватар“ со 254 милиони долари, „Џон Картер“ со 250 милиони, како и „Кинг Конг“ од 2005 година – 243 милиони долари.