ВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ и Талат Џафери помил им е Венко Филипче, отколку животите на граѓаните на Тетово

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение велат дека „на Коалицијата ДУИ и СДСМ на чело со спикерот Талат Џафери помил им е на Венко Филипче отколку животите на граѓаните на Тетово“.

„Денес Собранието на чело со Талат Џафери и мнозинството на СДСМ и ДУИ застана во целосна одбрана на Зоран Заев и Венко Филипче. Власта денес остана без мнозинство во Собранието се со цел само да го заштити двоецот Филипче Заев. Талат Џафери и ДУИ се во целосно одбрана на најнеспособниот министер Венко Филипче“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение, прашањата кои ВМРО ДПМНЕ ги поставува во соопштението:

· Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

· Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

· Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

· Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

· Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

· Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

· Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

· Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

· Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

· Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка