Судот во Италија нареди 49 осомничени Латиноамериканци да се најдат на осуденичката клупа поради шверц на кокаин во Италија со помош на кучиња.
Ветеринар во Мексико ги присилувал кучињата да ја голтаат дрогата, а потоа ги транспортирале во Милано, каде што по доаѓањето ги убивале за да ја извадат дрогата, соопшти полицијата.
Случајот предизвика револт кај активистите и организациите за заштита на животни.
Осомничените се на возраст од 19 до 37 години и се државјани на Еквадор, Перу и Ел Салвадор.
Елена Георгиевска