Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека му жал поради инцидентот со авионот на боливискиот претседател Ева Моралес во Виена.
Бан потсети дека шеф на држава и претседателски авион треба да уживаат имунитет и неповредливост, пренесе „Асошиејтед прес“.
Амбасадорите на Боливија, Куба, Еквадор, Никарагва и Венецуела при ОН, на средбата со Мун во седиштето на светската организација во Њујорк изразија загриженост по повод меѓународниот инцидент со Моралес.
Франција, Италија, Шпанија и Португалија на 2-ри јули поради сомнеж дека во авионот на боливискиот претседател се наоѓа поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, не дозволија авионот да прелета преку нивниот воздушен простор.
Елена Георгиевска