Мал авион од типот Цесна 172 вечерва исчезна во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, а според првичните информации од Грција полетал од Израел и над островот му се губи трагата, а во тек е операција за пронаоѓање.
Станува збор за приватен израелски авион со четири седишта, а засега е непознат бројот на патниците што се превезувале, ниту пак дали Самос била нивната крајна дестинација.
Според локалните медиуми од островот, како и според грчката државна телевизија ЕРТ, авионот паднал во морето, а веќе биле пронајдени две безживотни тела, иако се уште нема официјална потврда.