Габриел Ескобар: САД веруваат дека проширувањето е корисно и за Западен Балкан и за ЕУ

Од:

Новиот американски пратеник за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, изјави дека САД имаат многу јасна цел да го направат целиот Западен Балкан дел од Европската унија, каде што му е географското, историското и културолошкото. Според него, Унијата со проширувањето во регионот може само да има полза.

Ескобар, кој го наследи Метју Палмер како заменик помошник државен секретар за бирото за Азија и Евроазија и пратеник за Западен Балкан, рече дека САД ќе работат со ЕУ за да ги убедат сите страни дека тоа е единствениот правилен пат.

На панелот организиран од Бриселскиот центар за европска политика (ЕПЦ), Ескобар рече дека членството во ЕУ носи големи придобивки, дека земјите стануваат подемократски, попросперитетни и дека дури и кандидатурата за членство ги охрабрува земјите да станат подемократски и економски посилни.

Ескобар нагласи дека неговото гостување е негово прво појавување во јавност откако е назначен и дека откако работел во американската амбасада во Белград до неодамна, видел голема доза оптимизам на Западен Балкан, за разлика од некои негови колеги.

Западен Балкан не е дефиниран само со политички критериуми, туку и со силна економска динамика и висок степен на меѓусебна интеграција на земјите што треба да се охрабри, што го прави еден од најбрзорастечките региони и затоа регионот има потреба од ЕУ, наведе Ескобар.

Американскиот дипломат, сепак, додаде дека е малку загрижен поради недостатокот на доверба во пораката за проширување на ЕУ, а исто така и затоа што пораката нема голема поддршка од земјите -членки на ЕУ. Тој додаде дека ќе им ја даде целата поддршка на официјалните лица кои работат на интеграција.

Запрашан за конкретните потези и стратегија на Вашингтон во дијалогот Белград-Приштина, Ескобар рече дека САД ќе испратат порака за поддршка до специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак во секоја прилика и дека Стејт департментот ќе работи преку амбасадите во регионот да се постигнат договори се спроведуваат и актерите да не избегнуваат дијалог, јави Бета.

На прашањето која треба да биде крајната цел на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина за САД, Ескобар рече дека тоа не е само меѓусебно признавање, туку и членство во ЕУ, и мирен и функционален регион како дел од ЕУ. Тој повтори дека САД сакаат да ја убедат ЕУ дека „вреди да се обложат“ на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија