ИФФК „Браќа Манаки“ подготвени за новото фестивалско издание во Битола

Од:

Организаторот на ИФФК „Браќа Манаки“ е подготвен за новото фестивалско издание кое годинава ќе се одржи со препорачни ковид-мерки, а тоа значи дека на ниту еден фестивалски настан нема да може да се присуствува без потврда за извршена вакцинација или прележан ковид, согласно упатството од Министерството за здравство.

Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи на отворено, во Пацио на НУ Завод и Музеј-Битола и на црвен килим, посочи директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Мони Дамевски.

– Нашата цел е Битола да ја направиме позната во светот преку овој фестивал. Имаме извонредно жири и одлични филмови, истакна директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски и најави познати гости од филмската сцена во Европа и светот.

На прес-конференција во Битола селекторот на официјалната програма Слаѓан Пенев ја презентираше филмската програма која, според него, претставува врв на сè она што е актуелно во филмската уметност во моментов, додека пак Тоше Ивановски ја промовираше ОФФ-програмата, чиј координатор е на годинешниот фестивал.

На два пункта на Широк сокак ќе има промотивни точки каде сите минувачи ќе го почуствуваат градот жив и разигран. Моџо, Паркети, Виктор Апосоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани. Во анимација ќе учестуваат и музичари, фото клубот од Битола со изложба, пантомима, ќе има сегмент „Живи слики“, филмска музика ќе се изведува на Широк сокак, промоција на дела од Ана Јовковска.

На ИФФК „Браќа Манаки“ во офф-програмата ќе биде претставена и приватната фонотека на Петар и Сашо Ставрев.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска