Повеќе јужноамерикански земји се пожалија пред ОН поради одбиениот прелет на авионот на Моралес

Од:

Постојаните претставници на Боливија, Куба, Еквадор, Никарагва и Венецуела во ОН се пожалија пред светската организација поради недозволувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес да прелета преку воздушното пространство на некои европски држави.

Претставниците се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за да го изразат своето незадоволство од постапките на Шпанија, Франција, Италија и Португалија, кои според Боливија го одбиле пристапот до своjoт воздушen простor поради сомневање дека во претседателскиот авион се наоѓа Едвард Сноуден, кој ги откри тајните програми на САД за шпионажа.

– Генералниот секретар изјави дека го разбира незадоволството од oвој случај. Тој е задоволен што не дошло до последици по безбедноста на претедателот Моралес и лицата кои го придружувале. Бан Ки-мун истакна дека е важно во иднина да нема вакви случаи, соопшти канцеларијата на генералниот секретар на ОН.

Бан Ки-мун нагласи дека авионите, со кои патуваат шефовите на држави, имаат дипломатски имунитет и неприкосновеност. Организацијата на американските држави, исто така, го осуди инцидентот со одбивањето на авионот на Моралес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он