КК Работнички: Клубот е сопственост на Општина Центар, обврска ѝ е да му помага

Од:

„Кошаркарскиот клуб Работнички е во 100% сопственост на Општина Центар и затоа најголемата поддршка за развој на клубот но, пред се на младите генерации е должност на самата општина. Освен со финансиски средства Општина Центар го помага најтрофејниот и најстариот кошаркарски бренд и со просторни услови“, се вели во соопштението на КК Работнички, реакција на соопштението на Шанса за Центар.

„Обезбедување на средатва и просторни услови е се со цел да се заокружи целиот процес од најмалите генерации до првиот тим кој е гордост на општината, Градот Скопје и македонскиот спорт воопшто. Без оваа помош Работнички воопшто не би функционирал, а можно е и да не постои.

Ако некој смета дека треба да му се ускратат правата на Кошаркарскиот клуб Работнички од неговиот основач нека го каже тоа јавно но, и воедно нека понуди алтернатива како ќе опстои и функционира најтрофејниот бренд во македонската кошарка или пак имаат за цел КК Работнички воопшто да не постои“, се додава во соопштението на КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Општина Центар: КК Работнички добива втор спонзор – „Видеолотарија Касинос Австрија“

МЗТ Скопје убедлив во дербито со Работнички

А1он

Вечното кошаркарско дерби во Супер-лигата на 1 и на 18 мај

Ана Ололовска

Работнички се жали на казните на МВР, размислува за натпревари без публика

Ана Ололовска

Со срце за Ирена – хуманитарен кошаркарски натпревар помеѓу ветераните и сегашниот тим на КК Работнички

Наум Локоски

„Со срце за Ирена“ – кошаркарите и ветераните на „Работнички“ ќе одиграат хуманитарен натпревар

Наум Локоски