Главната расправа за предметот „Титаник“, предвидена за утре, се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид-19, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Како што се наведува во соопштението, рочиштето за овој случај е презакажено за 22 септември.
Воедно, истовремено е закажана и расправа за предметот, во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, каде застапник на обвинението е истиот јавен обвинител.