Меркел утре во Белград, а задутре во Тирана

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел, утре во официјална посета на Србија, а задутре во Албанија.

Како што е најавено, пред Палатата на Србија ќе биде организиран свечен прием, по што Меркел ќе има средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Заменик-портпаролот на германската влада, Мартина Фиц најави дека во фокусот на разговорите меѓу двајцата државници ќе бидат поставени важни прашања.

– Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, економско-политичките односи и прашањата од европска перспектива – изјави Фиц. По разговорот меѓу двајцата државници, Меркел и Вучиќ ќе дадат изјави за медиумите.

За посетата на Меркел, Вучиќ изјави дека тоа е голема чест за Србија.

– Сакам да ѝ се заблагодарам за се што направи за Западен Балкан. Никогаш нема да заборавиме што направи за нас во 2015 година, кога Хрватска воведе санкции кон Србија. Имав чест и можност да ја угостам на крајот од нејзиниот мандат. Мислам дека ќе биде, додека таа е канцелар, а можеби и една од последните посети и голема чест за Србија – рече тогаш Вучиќ.

Од Србија, Меркел задутре продолжува за Албанија, каде што ја завршува турнејата на Балканот.

Тој додаде дека е важно да разговараат за сите важни регионални настани со Меркел.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот