Грчката полиција со водени топови и со солзавец ги прекина протестите на повеќе илјади демонстранти кои излегоа на улиците на Солун како израз на револт против задолжителната вакцинација против Ковид-19.
Демонстрантите со сигнални ракети ја гаѓале полицијата, соопштија властите. Полицијаците спречиле демонстрантите да дојдат до местото каде што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис држеше говор поврзан со економијата.
Вообиачаено ова годишно обраќање на премиерот привлекува демонстранти и предизвикува протести.
Меѓу демонстрантите беа противници на различните економски политики на грчката влада и задолжителната вакцинација против коронавирусот.
Грција суспендираше скоро 6.000 здравствени работници што не се вакцинираа до 1 септември.