Мајкрософт работи на дополнително интегрирање на корисниците и нивните смартфони, развивајќи програма со која телефоните во иднина ќе знаат како се чувствуваат нивните корисинци.
Смартфонот за голем број луѓе е нивниот „најдобар пријател“ и претставува нешто со што минуваат најголем дел од времето.
Програмата „МудСкоуп“, на Мајкрософт“ во рамките на фокус групата во 93 проценти од случаите правилно го оценила расположението на корисникот. ТечХајб наведува дека акцентот не е на тоа смартфонот да мукаже на корисникот како се чувствува, бидејќи тој тоа најдобро го знае, туку да ги предупреди другите дека за тоа како се чувстувате.
Програмата ги анализира СМС пораките, телефонските повици, интензитетот и начинот на користење на некои апликации, историјата од Интернет пребарувачот и податоците за моменталната локација со цел да се оцени емотивната состојба на корисникот.