Нова студија направена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 овозможуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кои ја вклучуваат високо заразната варијанта делта.
Студијата направена на 600.000 луѓе во периодот од април до средината на јули, открила дека луѓето кои не биле вакцинирани имале 10 пати поголема веројатност да бидат сместени во болница и 11 пати поголема веројатност да завршат со смрт од оние кои биле потполно вакцинирани.
Невакцинираните имале 4,5 пати поголеми шанси да се заразат, според студијата која вчера ја објави Центарот за контрола и превенсија на болести .
Истиот Центар објави и две други студии кои покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува кај постарата публикација, посебно кај оние од 75 години нагоре.
Студијата, исто така, покажа пораст на поблаги инфекции меѓу потполно вакцинираните.