Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот во модуларната болница во Тетово се на кислородна поддржка и во реалтивно стабилна сосотјба вели Гзим Нуредини, координаторот во тетовскиот Ковид центар.
-Тоа се паценти кои имаа голема траума, прегледани се од психијатар и констатирано е дека се работи за стрес. Сите се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бидат подобро и да бидат пуштени дома, рече лекарот.
За 24 часа во тетовската болнциа нема починати од Ковид-19, додека има нови пет луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи.