Инспекторатот ќе утврдува дали во изгорената болница пациентите имале придружба, но само по налог на ОЈО

Од:

Иако министерот за здравство Венко Филипче вчера неколку пати повтори дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе направи надзор во изгорената модуларна болница во Тетово за да утврди дали пациентите заразени со Ковид – 19 имале придружба, од Инспекторатот велат дека не почнале таква постапка оти има строго пропишани правила по кои постапуваат кога веќе е почната истрага за настанот. На пожарот во болницата во кој загинаа 14 пациенти, работат тројца обвинители од ОЈО Тетово и двајца од ОЈО Скопје.

„ДСЗИ, како и секоја друга инспекциска служба во државава има законски пропишани правила за иницирање на инспекциска постапка, но и законски пропишани надлежности. Во врска со трагичниот настан кој се случи на 8 септември оваа година, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба после изминати два дена од настанот, понатаму не постои налог од министерот за здравство за вршење на вонреден надзор и последно, но и најважно, во фаза на водење на истрага од страна на Јавното обвинителство, ниту министерот ниту било кој друг орган не може да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривична истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство. Секоја друга активност и постапување на ДСЗИ не е дозволено согласно Законот за кривична постапка и ќе претставува попречување на истрагата која веќе ја водат надлежните органи“, велат од Инспекторатот.

Секоја стручна контрола или анализа доколку биде побарана од Јавното обвинителство или судот, од Инспекторатот велат дека ќе ја извршат во најкус можен рок.

Во текот на оваа година Инспекторатот направил повеќе од 15 редовни и вонредни надзори на работењето на тетовскиот Ковид – центар, согласно Законот за инспекциски надзор. Последната контрола била направена на 13 август годинава, а за секој од надзорите од Инспекторатот велат дека се уредно изготвени записници и друга документација.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов