Воената хунта во Гвинеја ги замрзна сите владини банкарски сметки

Од:

Воената хунта од Гвинеја, која ја освои власта во таа африканска земја минатиот викенд, денеска соопшти на државната телевизија дека ги замрзнала сите владини банкарски сметки во обид да ги зачува државните средства.

– Тоа вклучува замрзнување на средствата на јавната администрација и сите министерства, како и претседателството, претседателските проекти. Се однесува и на членови на владата во заминување, како и високи функционери и административци во државни финансиски институции, изјави портпарол на воената хунта.

Воената хунта составена од специјални сили соопшти во неделата дека го соборила од власт претседателот Алфа Конде поради загриженост за сиромаштијата и корупцијата поради лошата организација.

Би можело да ве интересира

Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку 18 жртви во уривање на рудник за злато во Гвинеја

Ана Ололовска

Иран, Гвинеја и Вануату повторно имаат право на глас во Генералното собрание на ОН

Ана Ололовска

По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата

Гутереш го осуди насилното преземање на власта во Гвинеја

Ана Ололовска

Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја

Ана Ололовска