Си Џинпинг: Конфронтацијата меѓу Кина и САД ќе го загрози целиот свет

Од:

Конфликтот меѓу Пекинг и Вашингтон може да претставува опасност не само за двете земји, туку и за целиот свет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот колега Џо Бајден.

– Веќе извесно време, американската политика кон Кина доведе до сериозни проблеми во кинеско-американските односи. Тоа не е во најдобар интерес за народите на двете земји и заедничките интереси на сите држави во светот, истакна Си Џинпинг, цитиран од Кинеската државна телевизија.

Според него, Пекинг и Вашингтон мора да покажат политичка волја и одговорност и што поскоро да ги вратат своите односи на патот на нормалниот развој.

– Пекинг е подготвен да започне дијалог и посветеност кон Вашингтон во борбата против климатските промени и пандемијата на коронавирус, како и во економското закрепнување и решавање на светските проблеми, додаде кинескиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја