При напад врз заедничка чешка и словачка воена единица во Авганистан, загинал еден Словак, а тројца други се ранети, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што пренесоа словачките медиуми, нападот го извршил еден припадник на авганистанската армија, кој веќе е притворен.
Иако, претходно се појавија информации дека тројцата ранети војници се Чеси, чешкото Министерство за одбрана ги негираше таквите тврдења.