Здравствениот работник Ферди Шакири е еден од настраданите во стравотниот пожар што синоќа се случи во тетовската модуларна болница, каде загинаа 14 лица.
„Со длабока тага ги известуваме сите наши соработници – пациенти дека на 08.09.2021 трагично го загуби животот во синоќешниот пожар, нашиот долгогодишен здравствен работнин Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, пишуваат од „Бамикор Медика“, Тетово.
Според информациите на „А1он“, Шакири, медицински техничар, бил пациент во тетовската модуларна болница. Тој имал Ковид-19, но последниот тест му бил негативен и веќе можел да ја напушти болницата.
Сепак, Шакири решил да остане уште еден ден на болничко лекување, а дополнително и за да им помага на колегите. Токму тој ден се случил и пожарот, во кој тој го загубил животот.