Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените.
Во разговорот, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, претседателот Пахор изразил солидарност и истакнал дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.
Помош по трагичниот настан во Тетово понудил и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.