ЕУ размислува за воведување на времени визни ограничувања за граѓаните на Западен Балкан

Од:

ЕУ планира следната недела да разгледа прашања за воведување на времени визни ограничувања за граѓаните од земјите на Западен Балкан – Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и БиХ.

Соодветен прелиминарен договор со претставниците на земјите-членки од ЕУ постигнал преговарачот од Европарламентот Аугустин Диас де Мера, пишува денеска весникот „ЕУ обзервер“.

Весникот тврди дека властите на земјите-членки на Унијата следната недела ќе ги разгледаат подготвените предлози од страна на ЕП, а доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември.

Еден европратеник нагласи дека политичарите од ЕУ се подложни на се поголем притисок од страна на членките на Унијата, кои бараат воведување ограничувања за некои земји од Западен Балкан по визната либерализација во 2009 и 2010 година. Оттогаш драстично се зголемени барањата за добивање политички азил од овие земји. Иако позитивен одговор на барањата има само за пет отсто од случаите, миграцијата од Западен Балкан стана проблем за ЕУ.

Според податоци на Европската служба за поддршка на азилот, во 2012 година барањата за добивање азил за граѓаните од Западен Балкан се зголемиле за 49 отсто во споредба со 2011 година.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот