Од СВР Тетово немаат официјална потврда за жртви или повредени во модуларната болница во која се сместени заболените од Ковид – 19, која вечерва беше опожарена. Очевидци јавуваат дека има голема паника и кај пациентите и кај нивни роднини кои го исполниле дворот на болницата.
„Можам само да потврдам дека од повеќе граѓани бил пријавен пожар во модуларната болница околу 21 часот. Екипи на МВР, како и противпожарната бригада на Тетово веднаш излегоа на терен и се уште се таму. Се уште немаме податоци кој дел од модуларната болница почнал да гори, се работи на утврдување на причините“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово за „А1он“.
Кон опожарената модуларна болница е тргнат и министерот Венко Филипче кој посетата ја најави на социјалните мрежи.