Расмусен: Косовските безбедносни сили со целосна оперативна способност

Од:

 Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денеска обзнани дека Северно-атлантскиот совет оценил дека Косовските безбедносни сили достигнале целосна оперативна способност и истите се целосно способни за вршење на задачи во рамки на својот мандат, а според стандардите определени од страна на Северната алијанса.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Расмусен им честита на сите припадници на безбедносните сили на Косово за постигнување на овој чекор, заблагодарувајќи им се на војниците и лицата од цивилниот сервис на КФОР за што сто направиле во изградбата на косовските сили.

– Мисијата на косовските безбедносни сили останува иста каква што била отсекогаш: да спроведува операции за цивилна заштита и да им помогне на цивилните власти во одговорот на природните катастрофи и други итни случаи. Алијансата ќе продолжи да обезбедува поддршка и да дава совети преку НАТО врските и Советодавниот тим. А, непроменета останува и Мисијата на КФОР во однос на обезбедување безбедна и сигурна средина за сите луѓе и заедници на Косово – потенцира Расмусен.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека мандатот на КФОР останува на Косово според мисијата доделена од Обединетите нации, а притоа тој испрати и порака до регионот:

– Иднината на Западен Балкан лежи во дијалог и помирување. Затоа јас ги храбрам припадниците на сите заедници на Косово да им се приклучат на своите безбедносни сили, со цел тие да станат вистинска мултиетничка и репрезентативна сила – додаде Расмусен.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он