Повредените во Хомс умираат поради недостиг на медицинска опрема

Од:

Повредените во судирите меѓу бунтовниците и армијата во сирискиот град Хомс умираат поради недостиг од медицинска опрема, соопшти денеска Сириската организација за заштита на човекови права, со седиште во Лондон.

– Армијата во изминатите 11 денови константно ги бомбардираше бунтовничките упоришта во Хомс, што дополнително ја влоши веќе критичната хуманитарна ситуација во градот.

Непознат број на бунтовници и цивили повредени во текот на последните денови починаа поради недостиг на медицински средства за нивно лекување, изјави директорот на Организацијата, Рами Абдел Рахман.

Стариот дел на Хомс и населбата Калдијехсе под опасада на армијата повеќе од една година, а од крајот на јуни се изложени на постојано бомбардирање.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија