Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому ја остави отворена можноста, задолжителната вакцинација, доколку е потребно, да се прошири и за други категории како што се просветните работници и свештените лица.
Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Иконому рече дека во секој случај е присутна опцијата за проширување на задолжителната вакцинација,„а сè ќе зависи од темпото и димензијата на пандемијата, како и темпото на вакцинација“.
-Потребно е, во секоја област да се достигнат многу високи проценти на вакцинирани. Не сакаме економијата повторно да се затвори. И ако она што треба да го направиме е да ја задолжителната вакцинација и за други, ќе го сториме и тоа, истакна Иконому.
Додаде дека отворена е можноста да се воведен и за просветните работници, доколку е потребно, иако кај нив висок е процентот на вакцинирани, а слична е ситуацијата и за црквата со висок процент вацинирани свештени лица.
Паралелно, истакна дека во овој момент не постои план за задолжителна вакцинација на децата.
Засега, во Грција, вакцинацијата е задолжителна само за здравствените работници и вработените во центрите и установите за грижа на лица.