Во МВР не важат протоколи: без маски и дистанца се чека во редици за лични документи

Од:

Со боси нозе, без заштитна маска на лицето, или пак со маските ставени под лактот. Тоа е сликата во МВР каде се чекаат редици за вадење лични документи поради нефункционирање на закажаните термини. Чекањето во затворен простор трае и со часови, но тоа не е причина дел од граѓаните да стават маска за заштита од коронавирусот.

Како што може да се види од денешните фотографии, мајка со бебе во количка се движи низ ходниците на МВР каде што се вадат лични документи, а не носи заштитна маска.

Дел од граѓаните, пак, се движат низ Министерството за внатрешни работи, кое патем е надлежно за спроведување на заштитните мерки против Ковид-19, со маските ставени под лактот.

Чекањето трае и по неколку часа по закажаниот термин. Нема никаква дисциплина ниту ред. Сосема се губат закажаните термини за фотографирање за лични документи. Потоа, кој како стигне застанува во редот за фотографирање, без да се внимава на дистанцата од два метри, се туркаат и се лепат еден за друг.

Само еднаш во текот на тие неколку часа, еден полицаец помина за да ги предупреди граѓаните дека треба да стават маски, но откако замина повторно ги симнаа маските.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава